Свет

Принудно слетување на аеродромот во Загреб- Пожар избил во авион

Принудно слетување на аеродромот во Загреб- Пожар избил во авион

Турски авион поради пожар окoлу 15 часот принудно слета во Загреб. Според хрватските медиуми, станува збор за авион кој летал од Истанбул за Париз.

Загрепските пожарникари потврдиле дека излегле на терен со шест возила по пријавата дека има пожар во авионот. Според нив, нема повредени и сите патници се навреме евакуирани.

Според првичните информации, станува збор за авион од типот Боинг 737 на турската компанија Pegasus Airlines.

– Добивме барање за итно слетување, авионот слета без проблеми на аеродромот и сега се е во ред, изјави портпаролката на аеродромот, Лидија Цапковиќ.

Related posts

Се скарал со сопругата, па го земал авионот влетал дома

24news

Двајца Германци загинаа од огномет, десетици жени пријавија малтретирање

24news

Уште еден скандал на познатиот автомобилски произведувач: Со часови изложувале животни на издувни гасови

admin