Македонија

Пратеникот Сашо Василевски излегува од домашен притвор

Пратеникот Сашо Василевски излегува од домашен притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, кој е обвинет за настаните во Собранието на 27 април минатата година, излегува од куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати понудената гаранција во недвижен имот.

– Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Р.М., по претходно дадено позитивно мислење од надлежното обвинителство,донесе решение со кое ја уважи понудената гаранција во недвижен имот и ја укина мерката куќен притвор, а заради обезбедување присуство во текот на постапката му определи мерки за претпазливост и тоа Обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Охрид и привремено одземање на патната исправа како и забрана за издавање нова, соопшти Кривичниот суд.

Со пуштањето од домашен притвор, Василевски ќе може да присуствува на пленарните седници во Собранието каде во тек е расправата за измени на Уставот.

Во куќен притвор и натаму се пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, кои исто така имаат поднесено барање за укинување на оваа мерка.

Related posts

Во судот денес ќе ги слушаат „бомбите“ за „Космос“

24news

Жерновски и Атанасов нови заменици-министри за надворешни работи и образование ?!

24news

Успеавме, Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во Европската Унија

24news