December 10, 2018 23:21
Живот

Ослободете се од непријатниот здив на многу едноставен начин

Непријатниот здив е чест проблем на многумина и задава непријатност.

За среќа, постои природно решение, кое може засекогаш да го реши овој проблем.

Овој рецепт од природни состојки е наменет за сите оние кои и покрај редовното миење на забите и консумирање мастики и бомбони, не успеваат да се ослободат од оваа непријатност.

Направете смеса со цимет, мед и лимон и земајте ја секое утро.

Состојки:

– 1/2 лажица цимет во прав
– 1/2 лажица мед
– 2 лимона

Подготовка:

Циметот и медот прелијте ги со една шолја топла вода и мешајте додека медот не се растопи. Потоа додадете го сокот од лимонот. Добиената смеса ставете ја во тегла и ставете ја во фрижидер. Секое утро или секогаш кога мислите дека треба да го освежите здивот, земете по една голтка и исплакнете ја устата со неа, па потоа голтнете.

 

Related posts

Заблуда за посните намирници: Големи грешки на верниците кои постат

24info

Овој крадец налета на погрешен човек: Грабежот цел живот ќе го памети по ова

24news

Домашен лек за проширени вени

24info