December 17, 2018 20:41
Живот

Оваа мајка на својот тригодишен син му направила нешто за што зборува целиот свет

Оваа мајка на својот тригодишен син му направила нешто за што зборува целиот свет

Сенди Грибл, иновативна мајка од Нов Зеланд, откако нејзиниот тригодишен син избегал од дома, решила да го казни на посебен начин. Во сето тоа ги вклучила и полицајците, кој одлучиле да и помогнат на мајката „во неволја“.

После лошиот ден, кој Сенди го коментирала на Фејсбук како ден кога нејзиниот тригодишен син Лаши одлучил да ги тестира сите граници кои некогаш биле поставени, бесна и исцрпена го пратила во кревет.

Бидејќи уште од утрото почнал да се однесува лошо, мајката прво му забранила да оди на пливање, а подоцна го казнила со „краток одмор“ за да размисли за своето однесување. Таа напоменува дека без оглед на тоа што има само три години, „нејзиниот син е многу напредно и интелигентно момче, кое не треба да се потценува“, пишува Дејли Мејл.

Набрзо се упатила кон неговата соба како би проверила дали заспал и доживеала шок. Нејзиниот син не бил во креветот. Се затрчала кон широко отворениот прозор и го погледнала на улица.

Истрчала надвор само во долна облека и поткошула, била надвор од себе се до моментот кога го видела како оди низ улицата.

-Трчав на улица(не можам да верувам дека дури и успеав да трчам) и почувствував олеснување кога го видов жив и здрав. Најмногу се плашев да не го удрил автомобил, се присетува Грибл.

-Никoгаш не можев да го замислам тој срам кој ми ги приреди. Викаше и плачеше: „Ти какушка, огромна какушка, веќе не сум твој пријател“, додека се повеќе соседи ги отворија прозорите да видат што се случува на улицата, продолжува Грибл.

Сакајќи да го научи на лекцијата, се сетила како би можела да му покаже во каква опасност се довел, па се јавила во локалната полициска станица.

-Ја добив поручничката лиза која се насмеа на мојата идеја и кажа дека моментално е мирно во станицата и може слободно да дојдеме.

Набрзо целото наше семејство се најде во полициската станица, каде на малиот Лаши полицајците му објасниле колку е опасно тоа што го направил и што се можело да му се случи. Дале се од себе да му објаснат колку е опасно да се бега од дома.

-После се што се случи тој ден, тој сфати! Сакав да сфати колку е опасно тоа што го направи и неговиот мозок, стар само 1216 дена, стварно сфати дека улицата е опасна за мало дете и дека не е направена за бебиња и полуголи мајки, како и дека требало да ја слуша својата мајка и да оди во кревет, напиша Сенди.

Таа напомена и дека сигурно ќе го послуша советот на полицајците и ќе постави брави на прозорите во неговата соба.

Related posts

Дневен хороскоп за 8 август 2018 година

24news

Што може да предизвикате доколку седите со прекрстени нозе?

24news

Производителите ги бојат маслинките со вештачки бои

24info