December 17, 2018 20:37
Фудбал

Му впериле пиштол во главата, па го ограбиле

Полскиот репрезентативец, Аркадиуш Милик, нема по добро да го памети синоќешниот триумф на Наполи против Ливерпул 1:0, во Лигата на шампионите. По натпреварот Милик останал без својот часовник.

Милик, по натпреварот, останал на малата прослава, во клупските простории на стадионот „Сан Паоло“. Кон својот дом се упатил околу два часа по полноќ, кога непознати напаѓачи со мотоцикл му го попречиле патот, побарале да го отвори прозорецот, а потоа му впериле пиштол во главата.

Откако му го одзеле часовникот кој чини околу 20.000 евра, напаѓачите избегале.

Related posts

Роналдо и Меси заедно ќе го следат финалето меѓу Ривер и Бока

Ivona

Алвеш го навлече бесот на јавноста со изјавата за смртта на Астори

24info

Модриќ откри каква приватна порака добил од Роналдо по наградата која ја доби од УЕФА

24info