December 10, 2018 22:07
Живот

Магичен напиток:Погледнете како сокот од целер влијае на вашето здравје и убавина

Познато е дека целерот ја подобрува крвната слика, циркулацијата, варењето, а поради витаминот А кој го содржи во себе, влијае и на здравјето на кожата.

Нутриционистка објаснува дека целерот е 95 отсто вода, а кога се зборува за кожата – хидратацијата е многу битна.

Освен тоа, целерот содржи високо ниво на натриум со што помага и во варењето на храната и ја подобрува дигестијата.

Целерот е одличен за косата бидејќи го поттикнува растот и ја подобрува текстурата, објаснува Снајдер и додава дека целерот е често неинтересна билка за луѓето, но и дека истата заслужува простор на полицата во вашиот фрижидер.

Нутриционистката препорачува да го консумирате целерот како смути, а што се однесува до препорачаната доза, треба да испиете половина литар напиток од целер на празен стомак.

Потребни состојки:

– 1 и пол шолја исецкан целер

– половина шолја смрзнат или свеж ананас

– 1/4 шолја свежи листови од нане

Начин на припрема:

Во блендер измешајте ги сите состојки и веднаш консумирајте.

Related posts

Свадбениот подарок го отвориле 9 години потоа: Кога виделе што има внатре се шокирале

24news

Секоја вечер пред спиење става сапун во постелата: Причината е неверојатна и ќе ве остави без текст!

24news

5 причини зошто мора почесто да јадете круши

24info