December 10, 2018 23:23
Хроника

Кривична за жена од струшко за крадење пари и напуштање на децата

Кривична за жена од струшко за крадење пари и напуштање на децата

Жителка на струшкото село Шум доби кривична пријава од надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга за „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“.

СВР Охрид денеска соопшти дека 29-годишната А.А. на 30-ти, минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца.

Претходниот ден, како што е наведено во соопштението, пријавената, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.

Related posts

Три лица добија по 30 дена притвор за полов напад врз дете

24news

Исчезнато девојче од Скопско Чаир

Filip

Маж почина во сообраќајна несреќа во Маџари

24info