Е-Спорт

Првиот ЛАН пријателски меч е одигран, Македонија ја победи Србија 3-1 во мапи

По долгиот и напорен пат за нашите репрезентативци до Белград, Vilay e-Sports Academy, тие успеаа да извојуваат победа против нивните српски колеги во играта CSGO.

По долгиот и напорен пат за нашите репрезентативци до Белград, Vilay e-Sports Academy, тие успеаа да извојуваат победа против нивните српски колеги во играта CSGO. Форматот на лан мечот беше  (best of 5) каде Vilay ја изгубија првата мапа, но потоа сигурно и полека направија пресврт оставајќи ја српската репрезентација целосно збунета. Од Vilay ни велат дека играле со сериозен противник и дека навистина се потрудиле да го постигнат овој резултат правејќи ја нивната победа уште послатка. Пријателките мечеви се играат во пресрет на Светското Првенство во Каошиунг, Тајван кое е предвидено да се оддржи во ноември оваа година. Одбрани се три наслови на кои играчите ќе можат да се пријавуваат и тоа League of Legends, CS:GO и Tekken7. Македонија ќе земе учество со еден претставнички тим за играта CS:GO кој ќе се обиде да се круниса како планетарен првак за оваа игра годинава. Им посакуваме многу среќа и мирни води до Првенството каде ќе докажат дека Македонија не е мала земја на еСпорт сцената.

Им посакуваме многу среќа и мирни води до Првенството каде ќе докажат дека Македонија не е мала земја на еСпорт сцената.

Related posts

На Мајк Тајсон му е забранет влезот во Чиле

24news

Интервју со најдобриот Македонски Кантер Страјк: Глобал Офензив тим

24news

Владимир Кличко кандидат за претседател на АИБА

24news