December 17, 2018 21:04
Живот

Зајакнете го имунитетот со помош на калинката

Ако сакате да го забавите стареењето и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинка, советуваат експертите.

Овој вкусен напиток е вистински концентрат на витамин Ц, богат е со калиум и витамините А и Е, содржи фолна киселина, како и моќни антиоксиданси како флавоноиди и елагинска киселина. Некои истражувања покажаа дека редовното консумирање на свеж сок од калинка може да го спречи ширењето на канцерогени клетки, особено во случај на тумор на дојката, белите дробови и простатата.

Нутриционистите препорачуваат свежо исцедениот сок (се цеди на ист начин како и портокалот) без додатоци на шеќер да се испие веднаш по цедењето или во текот на истиот ден, а за да забави оксидацијата, треба да се додадат неколку капки сок од лимон. Сокот може да се раствори со обична вода во сразмер 10 плодови – 8 чаши вода.

Напомена: поради можна интеракција со лековите, овој напиток не се препорачува на пациенти кои боледуваат од дијабетес како и на оние кои како терапија користат антидепресиви, антиаритмици, антихипертензиви.

Related posts

Очајно бараат работници: Нудат куќа и плата од 2.800 евра

24news

Седнал на столот за извршување на смртна казна, но се случило нешто неочекувано

24news

Билдер ја фати девојката како го изневерува со друг маж во џип – Погледнете што направи!

24news