December 17, 2018 06:37
Македонија

Заев пред пратениците:Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата

Премиерот Зоран Заев пред пратениците во Комисијата за уставни прашања го образложи предлогот на Владата за уставни измени. Тој ги повика сите да гласаат ,,ЗА”.

,,Во духот на транспарентноста за предлозите за измени на Уставот беа достапни за сите. Општиот увид и реакцииите од јавноста се дека нема ништо спорно. Академската јавност оцени дека се е во согласност со интересите на Македонија и меѓународните стандарди. Јасно се гледа дека измените заслужуваат поддршка од сите пратеници, за членство во ЕУ и НАТО и за подобар живот. Собранието е институцијата која треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја спрати ФИРОМ во историјата”, им порача Заев на пратениците.

Тој ги повтори четирите амандмани кои се однесуваат на додавање на придавката Северна, преамбулата, територијалните гаранции и за грижата за малцинствата во другите држави.

На крајот уште еднаш ги повика сите да се обединат околу националните интереси.

,,Интеграцијата не може да биде попречена од закана, обид за поткуп или што било. Сите што се за НАТО и ЕУ сега е време да ја потврдиме заедно одлуката според која членството во овие организации се наши стратешки приоритети. Сега сите пратеници, без разлика на која партија и припаѓаат, имаат обврска пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Од пратениците се очекува одлука во таа насока и како израз на почитување на волјата на гласачите, како и на огромниот број граѓани кои го одобруваат членството на нашата земја во ЕУ и НАТО. Сите сме свесни дека без договор со Грција тоа остануваше само наша надеж и желба. Македонија нема генерации за губење, да покажеме дека сме подготвени да го преземеме лидерството и одговорноста.”, порача Заев.

Тој додаде дека треба ад се прифати историската можност и повика на обединување околу приоритетите, за просперитет на земјата да донесе силна одлука. ,,Бидете оние кои што ќе ја поведат Македонија напред”, им порача тој на пратениците.

Related posts

За пет предмети се бара одземање на праетничкиот имунитет на Груевски

Valentina

Денес средба на Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети на иста маса за името

24news

Собранието денес ќе избира судии и ќе гласа за предлог-законот за јазиците

24news