December 11, 2018 17:07
Свет

Ердоган: Можен е референдум за членство во ЕУ

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека на Турција би ѝ одговарал референдум за пристапување во Европската Унија, додавајќи дека за тоа ќе разговара со своите колеги.

Ердоган веќе подолго време јавно го изразува незадоволството од бавниот процес на пристапување на Турција во Унијата.

„Ова е 2018 година и ние уште чекаме“, рече тој.

Додаде дека сега е време политичарите да им се обратат на турските граѓани.

„Наша работа е сега да им да се обратиме на нашите граѓани и да видиме што имаат да кажат за тоа прашање 81 милиони луѓе“, рече Ердоган.

Related posts

Светот е на раб на војна: Американците најавуваат напад на Сирија, Русите се закануваат со „тешки последици“

24info

Mej: Ако договорот за Брегзит не помине во Парламентот, тоа ќе предизвика нестабилност

Filip

Низ Норвешка роботи ќе разнесуваат пошта

Ivona