Свет

Ердоган денеска во Келн ја отвори една од најголемите џамии во Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Келн ја отвори една од најголемите џамии во Европа.

Со отворањето на џамијата , ќе заврши официјалниот дел од посетата на турскиот претседател на Германија. Во текот на денот околу џамијата има силно полициско обезбедување , со цел да се спречи намерата на голема група демонстранти да протестираат против Ердоган за време на свеченоста.

Градењето на џамијата почна во 2009, а ја финансира Унијата за Турско – исламски односи , тесно поврзана со турската власт. Градбата беше проследена со голем број контроверзи , меѓу кои дури и поставувањето на имамите , кои се делегираат од Турција. Првите верници почнаа да ја користат џамијата минатата година , а денеска ќе биде и официјално пуштена во употреба.

Со минаре високо 55 метри и купола со пречник од 36 метри , оваа зграда од бетон и стакло , е една од најголемите џамии во Европа. Има површина од 4 500 метри квадратни , а може да прими илајда верници.

На свеченоста се очекува да присуствува и градоначалничката на Келн , Хенриета Рекер , како и шефот на регионалната влада.

Related posts

Деветгодишно дете ја убило сестра си поради видеоигра

24info

(Видео) Пред очите на јавноста се роди делфинче

24news

(Видео) Човек фрли жена од мост, камерите снимија се

24news