December 11, 2018 17:08
Магазин

Дневен хороскоп за 10 октомври

Девиците имаат измешани емоции, убави љубовни моменти за Вагите, финансиската ситуација се подобрува за Стрелците, Јарците се подготвени за сериозна врска, Водолиите не сакаат промени, а Рибите се прават важни.

Прочитајте го дневниот хороскоп за 10  октомври.

Овен

Можете да очекувате подобрување на материјалната ситуација. Ако се надевавте на некоја исплата, таа доаѓа денеска.

За вас, денешниот ден ќе биде малку потежок, па потрудете се да избегнувате ризични ситуации.

Не сте спремни за сериозен разговор со саканата личност и на некој начин бегате од проблеми. Тешко ви е да се соочите со некои работи.

Ве мачи главоболка.

Бик

Ве очекува поволен ден за решавање на сите недоумици во однос на работата. Ве следи и среќата.

Пред вас е едно интересно познанство. Ако веќе имате партнер, ве очекуваат убави моменти.

Здравјето е добро.

Близнаци

Можно е да донесете сосема неочекувана одлука поврзана со работата. Не сакате да гледате како работите стагнираат.

Пред вас се проблеми во комуникацијата со партнерот. Двајцата сте многу напнати.

Можни се проблеми врзани со крвотокот.

Рак

Пред вас е тежок ден. Не очекувајте многу успеси, бидете трпеливи.

Имате впечаток дека партнерот не обрнува доволно внимание. Не ви се допаѓа пристапот.

Проблеми со бубрезите.

Лав

Ќе имате повеќе обврски во текот на денот па ќе ви биде тешко да одредите приоритети.

Ви се допаѓа една интересна личност која ја запознавте неодамна. Сега ќе се потрудите да покажете дека сте заинтересирани.

Водете сметка за имунитетот.

Девица

Пред вас е сплет на среќни околности кои ќе ви ја олеснат ситуацијата на работа.

Очекувајте ново познанство во текот на денот. Оваа личност ќе ви донесе измешани емоции.

Можни се проблеми со притисокот.

Вага

На работа ве очекува прилика со која јасно ќе го дефинирате својот статус. Можно е некои работи конечно да ги ставите на хартија.

Очекувајте нови случувања на полето на љубовта. Личноста за која се заинтересирани покажува интерес за вас.

Проблеми со стомакот.

Шкорпија

Работата оди онака како што испланиравте, се е добро.

Конечно ставате точка на една љубовна врска која долго време ви правеше проблеми.

Би ви годела масажа.

Стрелец

Вашата финансиска ситуација се подобрува. Можете да очекувате прилив.

На емотивен план, можни се мали конфликти со саканата личност.

Внимавајте на исхраната.

Јарец

Пред вас е поволна работна атмосфера. Нема да бидете оптоварени со грижи и обврски.

Заљубени сте и личноста која ја сакате е свесна за тоа. Подготвени сте за сериозна врска.

Потребно ви е повеќе сон.

Водолија

Денот ќе биде мирен на работа, без многу случувања.

Ви одговара моменталниот партнер. Не сакате промени на ова поле.

Здравјето е одлично.

Риби

Можно е да имате потреба да покажете колку сте силни и моќни.

Доаѓаат љубовни промени за вас.

Можни се грчеви во мускулите.

Related posts

Ролат од кашкавал

24info

Се продава “бункерот” на Јосип Броз Тито во Њујорк:Поглед кон Централ Парк и сигурносен систем низ кој не може ни мува да пројде

24info

Кирк Даглас го прослави својот 102-ри роденден и открил дека има само една желба

24info