December 10, 2018 23:51
Хроника

Десет повредени во девет сообраќајки вчера во Скопје

Девет лица се полесно и едно е потешко повредено во вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

 

Сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила вкупно 21 возач, од кои тројца што управувале возило под дејство на алкохол и 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 21 возило, со истечена важност на сообраќајната дозвола, 98 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 60 возила.

Дваесет и осум возачи се казнети за користење на мобилен телефон

Related posts

Се претставувала како вработена во Владата и нудела услуги за вработување за пари

24news

Прегазено 6-годишно момче во Скопје

24info

Драма во Битола: Девојка ги тепала братот и таткото – и полицајците завршиле претепани во болница

24news