Хроника

Грабеж во маркет во Тетово – полицијата уапси 4 лица

Грабеж во маркет во Тетово – полицијата уапси 4 лица

Припадниците  на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера и денеска лишиле од слобода четири лица кои се осомничени за разбојништвото извршено на 17 јуни во маркет на улицата „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Б.З.(20), Р.С.(19), А.Б.(20) како и 17 – годишен малолетник, сите од Тетово од тројцата вработени во маркетот заканувајќи им се нож одзеле 175 илјади денари.

Против четворицата осомничени во текот на денот од страна на полицијата ќе има соодветен поднесок, најави Јосифовски.

Related posts

Малолетна скопјанка забременила од лице што ја силувало

24news

Скопјанец не сакал да го отвори багажот од автомобилот, па полицаецот почнал да пука

24news

Во Бугарија запленет хероин вреден над 6 милиони евра

24news