Балкан

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.

Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија.

Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и вештачкото езеро Газивода. Припадниците на РОСУ наводно влегле во Центарот за екологија и развој на спортот, во непосредна близина на хидроелектраната.

Главниот портпарол на КФОР Винченцо Грасо потоа за Танјуг изјави дека мисијата се уште нема информации за тоа дека припадници на РОСУ влегле во северниот дел на Косово, во близина на хидроелектраната Газивода.

Тој додаде дека е во тек проверка на информациите и оти се врши мониторинг на ситуацијата.

Related posts

Грците почнаа да се собираат за „Македонија е грчка“, се очекуваат милион демонстранти

24info

Ердоган најави нови апсења на „ѓуленисти“ во Косово

24news

Епидемија од птичји грип во Бугарија

24info