• почетна
  • Вести
  • Балкан
  • Вучиќ:Поддршка за договорот со Македонија и Грција,не ја потценувам пораката на народот
Балкан

Вучиќ:Поддршка за договорот со Македонија и Грција,не ја потценувам пораката на народот

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.

,,Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржаа договорот”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот ,Дејвид Мекалистер.

Тој сепак додаде дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот.,,Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други да ја игнорирам”, додаде тој.

Related posts

Вучиќ: Се залагам за разграничување со Албанците

jule kolch

Цеца и Аца Лукас се на црната листа на САД

24news

Пожарникарите и полицајците се борат со водената стихија која го поплави Свилајнац

24news