December 10, 2018 23:26
Скопје

Вознемирувачки фотографии: Секта сее страв низ Скопје

Вознемирувачки фотографии: Секта сее страв низ Скопје

Отец Оливер Петровски, од хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” предупредува дека ,,сѐ посериозни стануваат индициите дека припадници на сатанистичка секта дејствуваат во Драчево“.

Еве што напиша тој на Фејсбук:

Пред извесно време во нашиот град беа осквернети неколку цркви со сатанистички графити. Нашата хуманитарна организација, благодарение на братот Ивица, веднаш излезе на лице место и ги санираше осквернетите храмови. Тогаш, се надевав дека тоа е дело на деца кои воопшто и не знаат што означуваат графитите кои ги цртаат. Но… Денес во нашата населба Драчево, беше ритуално масакрирано маче… Беа испишани латински зборови со кои се велича нечестивиот и пентаграм…

За жал, веќе не мислам дека се работи за деца кои не знаат што прават. Мислам, а се надевам дека грешам, дека ова е дело на некоја група и затоа бараме од надлежните служби сериозно да го разгледаат и расчистат овој случај во најбрз можен рок.

Image may contain: shoes and outdoor

Наши членови и волонтери денес беа на лице место и се потрудија да ги снема овие сатанистички графити и искрено се надевам дека повеќе нема да ги видиме.

Related posts

Општина Аеродром: Ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот

24news

Младите од Бутел ги споделија своите идеи за подобрување на заедницата со градоначалник

24news

Седум општини ќе добијат средства за канализациски системи

24news