Хроника

Возило удрило во жена пред комплексот клиники во Скопје

Возило удрило во пешак на сервисната улица во кругот на комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со возилото управувало 29-годишно лице од Скопје.

Жената (69) во која удрило возилото со тешки телесни повреди била пренесена во Ургентниот центар.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Related posts

Филмски грабеж во поштата во Ѓорче Петров: Крадците работеле и за Нова година

24news

Внук го пронашол чичкото мртов, телото било во распаѓање

24news

Мајка ја нападнала ќерка си со нож во Скопје

24info