Македонија

Бошњаковски: Oчекуваме да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Бошњаковски: Oчекуваме да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени за што денеска собраниската Комисија за уставни прашања треба да ја почне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има премиерот Зоран Заев.

– Сметаме дека оваа историска одлука пред која се наоѓаат пратениците во македонскиот Парламент е од суштинско значење за остварување на стратешките цели на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Сметаме и очекуваме дека мнозинството пратеници во Парламентот ќе ја послушаат волјата на мнозинството граѓани кои на 30 септември гласаа „за“ овие заложби – рече Бошњаковски, повторувајќи ги заложбите на Владата.

 

Related posts

Почувствуван земјотрес во Македонија, епицентарот е во Грција

24info

Формирана нова партија – Граѓанско Демократска Унија

24news

Вицепремиерот Анѓушев на Трансатлантскиот економски форум- Македонија врти нова страница: Стабилност, просперитет и одржлив економски раст

24news