December 17, 2018 06:31
Македонија

Бошњаковски: Одлуката за притворот за Моника Ристеска е престрога

За Владата, одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристеска делува престрого во однос на стореното дело, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„Истовремено сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските процеси и дека Македонија се темели на принципот на владеење на правото. Потенцираме дека Владата како и за сите други прашања така и за ова е подготвена за дијалог со сите заинтересирани страни, граѓански организации, граѓани и кој било друг кој има потрба. Отворени сме целосно во однос на ова прашање“, рече Бошњаковски.

На Моника Ристеска, која е активистка за легализација на марихуаната, вчера ѝ беше определена мерка притвор во траење од 30 дена. Од скопското обвинителство денеска соопштија дека Ристеска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила марихуана, од која со понатамошна преработка добивала хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.

Related posts

Снег и студено време до крајот на викендот

24info

Мицкоски реферира пред извршниот на ВМРО ДПМНЕ за лидерската средба

24news

Почнува Недела на дизајн со Скопје

Filip