Кошарка

Антиќ доби парична казна поради неговото однесување на мечот со ФМП

Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ поради приговор кон судиите и исклучувањето, кое го доби на вчерашниот меч против ФМП, ќе мора да плати казна од 78.000 динари (околу 660 евра), пренесоа српските медиуми.

„Црвено-белите“ поведоа во финалната серија на српскиот шампионат против ФМП, откако синоќа победија со 84:83.

Антиќ доби две технички грешки и исклучување поради бурната реакција кон судиите на 8 минути пред крајот по прекршок врз центарот на противникот, Мајкл Оџо.

Тој отиде лице во лице со судијата на натпреварот и затоа судиската одлука не можеше да биде ништо освен исклучување од натпреварот.

Related posts

Работнички поведе во финалето од плејофот

24info

Наумоски останува уште две години на чело на МКФ

24news

Илиевски: Вонредното собрание на МКФ беше нелегитимно и незаконско

24news