December 17, 2018 06:34
Живот

Анксиозноста се смирува со овие намирници

Докторка  експерт за храна, но и психологија, неодамна напиша статија за тоа колкава моќ има храната во лекувањето на анксиозноста.

Таа објасни дека иако здравата диета со голема количина на вода и ниско ниво на кофеин е клучна, постојат одредени намирници кои можете да ги консумирате доколку сте заинтересирани на тој начин да ја излекувате анксиозноста (преку храна).

Еве што таа препорачува:

– се што е природно богато со магнезиум како спанаќ, блитва, грав, интегрални житарки и ореви.

– се што е природно богато со цинк како што се школките, индиските ореви, џигерот, говедското месо и жолчката.

– лососот кој е богат со омега 3 масни киселини

– храна богата со пробиотици (кисели краставички, кисела зелка, кефир)

– шпаргли

– се што е богато со витамин Б (авокадо, бадеми…).

Докажано е дека овие намирници кога редовно се консумираат ги намалуваат симптомите на анксиозност.

Нормално, оваа состојба не може да се лекува само преку исхраната и при сериозни облици на анксиозност неопходни се соодветни третмани и помош од професионалец.

Related posts

Од овој зеленчук се користи се и буквално лекува се!

24info

Еве колку килограми треба да имате според вашата висина

24news

Чај кој го регулира шеќерот, тежината и уште 10 болести

admin